Испечати

Чоколаден куглоф (без јајца)

Чоколаден куглоф (без јајца)

Состојки

  • 225гр. цврст јогурт
  • 250гр. кафеав шеќер (нерафиниран)
  • 180мл. оризово млеко
  • 120мл. кокосово масло (растопено)
  • 360гр. брашно по избор
  • 60гр. какао во прав
  • 14гр. прашок за пециво
  • 80мл. врела вода
  • 100гр. темна квалитетна чоколада
  • 100гр. сецкани ореви
  • За прелив
  • 100гр. темна квалитетна чоколада

Подготовка

Брз куглоф за кој нема потреба од користење на миксер.

- Во здела се меша брашното, пецивото и какаото во прав.
- Во друг сад со жица за матење се меша јогурот, шеќерот, млекото и маслото се додека се не се соедини.
- Постепено се додаваат течните состојки во садот со сувите состојки притоа мешајќи. На крај се додава врелата вода и се меша до соединување на смесата.
- Се сецка чоколадата на парчиња и заедно со сецканите ореви се додава во приготвената смеса.
- Смесата се истура во калап за куглоф кој треба да е намастен и побрашнет. Се пече на температура од 180 Ц 50-55 минути, се додека чепкалката не излезе сува.
- Откако ќе се олади се прелива со растопената чоколада.

Напомена
Оревите слободно може да се изостават.