Испечати

Набрани корички со сирење

Набрани корички со сирење

Состојки

  • тесто
  • 600 гр. брашно (просеано)
  • 1 свеж квасец (издробен)
  • по 1 лажичка шеќер и сол
  • 400 мл. млака вода
  • 5 лажици масло
  • дополнително
  • по потреба брашно за посип
  • 300 гр. бело сирење
  • по потреба масло за попрскување и премачкување на корите

Подготовка

1. Во сад за месење се става просеаното брашно, на средина се прави дупка и се ставаат останатите состојки за тесто. Се замесува тесто на кое ако лепи му се додава уште малку брашно и измесеното тесто да биде средно меко.
2. Тестото веднаш се дели на 6 дела, а потоа сите 6 се сечат на пола, значи да се добијат 12 топчиња.
3. Се зема 1 топче, се рассукува малку во големина на мало чинивче, се премачкува со масло, а врз него се става уште една таква рассучена коричка. Постапката се повторува и треба да се добијат 6 купчиња со по 2 корички.
4. По редоследот по кој сме ги сукале коричките, се земаат коричките од првото купче и првин со оклагија се рассукува малку, а потоа со тенко сукало се сука кора на која во текот на сукањето и се става посип и се сука колку е можно потенко.
5. Округлата кора се попрскува со масло, се ренда сирење (може и фил по желба), се преклопува како плик, се насобира и се става во намрсена тава.
6. Постапката се повторува со сите корички, а потоа коричките се засекуваат на помали делови, се премачкуваат одозгора со масло и тогаш се пушта рерната да се загрее. За тоа време коричките киснат.
7. Штом се загрее рерната на 200 степени, на оваа температура се пече 20 минути, а потоа се допекува уште 15-тина минути на 180 степени.

Убаво изладено се јаде во комбинација со јогурт, кисело млеко, кајмак, со што сакате. Одлично е и како ужинка за децата, за патување и сл.