Испечати

Слатко во рерна (со овошје и мед)

Слатко во рерна (со овошје и мед)

Состојки

  • 1 кг. црни сливи
  • 1/2 кг. црно грозје
  • 50 гр. сечкани бадеми
  • 50 гр. семе од коприва
  • 500 гр. мед

Подготовка

1. Сливите и грозјето се мијат, се чистат, сливите се сечат на четвртинки и се ставаат во подлабоко тенџере со капак (или подлабока тава за печење ако имате, јас го ставив во мултинаменската на Делимано, Стоун леџенд).
2. Грозјето само се чисти и зрнце по зрнце се додава во садот.
3. Се додаваат бадемите и семето од коприва, па се промешува убаво.
4. На крајот се додава медот.
5. Се затвора со капак или со алуминиумска фолија, се става во загреана рерна на 200 степени 1,5 до 2 часа (во зависност од рерната) да крчка.
6. Готово е кога целата смеса ќе згусне убаво, слично на џем.
7. Готовото слатко топло (но не многу жешко, покријте го со крпа и изладете го малку) се собира во чисти и суви тегли (не мора да се топли), и се добива прекрасна слатка зимница, преубав десерт за зимските ладни денови, кој што воедно е одличен за подобрување на хемоглобинот поради комбинацијата на мед и семе од коприва.
8. Од оваа доза на состојки јас добив две полни тегли од по 900 гр., ако ви се допаѓа овој здрав и вкусен начин на подготовка на слатко, слободно прилагодете си според потребите. На здравје!