Испечати

Шамбал - парено колаче

Шамбал - парено колаче

Состојки

  • 3 јајца
  • 250 гр. шеќер
  • 500 гр. кисело млеко
  • 500 гр. гриз
  • 100 гр. брашно
  • 1 пециво
  • 1 ванила
  • Шербет
  • 1 кгр. шеќер
  • 1 л. вода
  • 1 ванила
  • по вкус сок од лимон

Подготовка

 
- Јајцата заедно со шеќерот пенесто изматете ги. Додадете го киселото млеко, размешајте убаво. Додадете го гризот, измешајте, а веднаш по него додадете и брашното измешано со пецивото. Треба да добиете густа смеса.
- Добиената смеса истурете ја во подмачкано плехче и оставете да одстои околу 30 мин.Нема да е штета и малку повеќе. Потребно е гризот добро да впие течноста и да набубри.
Пред самото печење се насекува колачот, врз секое парче се става некој од јаткастите плодови - лешник, орев, бадем... и се става да се пече во загрена рерна на 170 степени до негово потполно исепкување убаво зацрвување. Времето зависи од самата рерна. Кај мене се пече околу 30 мин. а во рецептот стои дека се пече 40 мин.
Откако е испечен колачот се вади од рерна. После стоење од 5 мин, се залива со шербетот.
Шербет
- Додека се пече колачот пригответе го шербетот кој ќе го варите околу 15 мин на не многу силен оган. Тој треба да е погуст, но не и многу.
- Нека одстои најмалку 5 часа,  а подобро и до нареден ден. Сечете ги парчињата по претходно насеченото, служете. Убаво е да е одстојан во фрижидер.
Шербетот се впива целиот.
Напомена
- Ова е бајрамски турски рецепт,  доволно сочен, со осетлива кора одозгора, но вкусен.
- Кој сака да не го чувствува на непцето гризот, додадете повеќе брашно за сметка на намалување на грамажата од гризот. Јас тоа не би го правела бидејки реткост е да спремаме ваков колач и го спремам оригинал.
- Познато дека турските благца шербетлии се баш шербетлии. Ќе ви се пристори можеби многу шеќер,  но не е, барем по мој вкус, може нијанса да се намали количината на шеќерот, но тогаш нема да е тој вкус.
- Оваа количина е за поголем плех, а јас го правам од 1/3 од состојки во тавче бр.24 притоа мерејки ги сите состојки точно поделени на 1/3
Додатните фотографии се од првиот пат кога го правев, а носечката е од денешната подготовка.
Рецептот ми е од драга пријателка Хатиџе Алиосман.