Испечати

Шарена векна

Шарена векна

Состојки

  • 3 хл јајца
  • 1 лажиче хималајска сол
  • 1/2 лажиче свежо мелен бибер
  • 1 пекарски јогурт (180мл)
  • 1 пециво
  • 50мл масло
  • 170гр брашно
  • 1 лута ситно сецкана пиперка
  • 1 блага ситно сецкана пиперка
  • 1 ситно сецкан морков
  • 1 рака ситно сецкан магдонос
  • 100гр ситно сецкана пилешка салама
  • 100гр ситно сецкан кашкавал
  • чурек за посипување

Подготовка

Во една вангличка ги ставаме јајцата и солта и матиме додека да побелат.
Со исклучен миксер ги додаваме маслото, јогуртот и промешуваме.
Ги додаваме соединетите и исецкани состојки.
Го додаваме пецивото и брашното и сето лесно го соединуваме.
Смесата ја истураме во долгнавест калап за леб, кој претходно сне го обложиле со хартија за печење.
Посипуваме чурек.
Печиме во загреана релна околу 30 минути, на 200 с, односно проверуваме со чепкалака дали е готово.
Оставаме во калапот да одстои 5-10 минути,па потоа го вадиме на решетка потполно да се излади.
Ја сечиме векната на парчиња со дебелина од 2 цм и послужуваме.