Испечати

Пикантен свински џигер во доматен сос, сервиран во лепиња

 Пикантен свински џигер во доматен сос, сервиран во лепиња

Состојки

  • 350-400гр свински џигер
  • 1 главица сецкан кромид- поголема
  • 2-3 стапчиња корен од целер
  • 3 чили пиперчиња
  • 150мл доматен сос
  • 1 ловоров лист
  • 1 рака сецкан магдонос
  • 1/2 лажиче зачин
  • 1/4 лажиче свежо мелен бибер
  • 1/4 лажиче сол
  • 2 лажици масло
  • 1 лепиња- поголемка
  • некое зрно шеќер

Подготовка

На загерано масло го ставаме ситно сецканиот кромид да се пржи.
Потоа ги додаваме коцките целер и лутите пиперчиња.
Запржуваме.
Го додаваме свинскиот дроб сецкан на парчиња.
Пржиме додека ја смени бојата.
Сега додаваме бибер, ловоров лист, некое зрно шеќер и доматниот густ сос.
Сставаме на тивко да крчка 15 минути.
Пред сам крај ги додаваме солта и магдоносот.
На една лепиња и го одсекуваме капакот, ја вадиме средината.
Тука го сервираме џигерот во доматен сос.
Послужуваме и уживаме во пикантниот вкус на овој ручек.