Испечати

Чоколаден куглоф со џем од малина

Чоколаден куглоф со џем од малина

Состојки

  • 7 јајца
  • 150гр. путер
  • 120гр. шеќер во прав
  • 150гр. чоколада за готвење
  • 1 ванилин шеќер
  • 120гр. шеќер
  • 160гр. брашно
  • 200гр, џем од малини
  • прелив
  • 300гр. слатка павлака
  • 200гр. чоколада
  • малку лешници и мелени ореви

Подготовка

1. Се одделуваат белките од жолчките. Се мати омекнатиот путер со миксер и во него се додава шеќерот во прав. Се миксира. Во таа смеса се додаваат жолчките (една по една) и ванилата.
2. На пареа се растопува чоколадото и миксирајќи се додава во смесата со путерот.
Во неизматените белки се додава прстофатот сол. Се миксира. Миксирајќи се додава шеќерот. Се миксира до добивање на мека шлаг смеса. Постепено се спојува со претходната смеса и се промешуваат.
3. Во таа споена смеса се додава брашното и се промешува. Смесата се истура во калап за куглоф.
Се пече на 180 степени околу 45-50 мин. Се вади и се превртува на хартија за печење. Се сече на пола.
Се премачкуват со џемот од малини и двете половини и се спојуваат.
Хоплата се загрева заедно со чоколадата се соединува и се прелива куглофот.
Декорирајте со лешници и малку мелени ореви.
На здравје!!!