Испечати

Колачиња - Заробено срце

Колачиња - Заробено срце

Состојки

  • 250гр Маргарин
  • 200гр Шеќер
  • 500гр Брашно
  • 1 Ванила
  • 1 Јајце
  • по желба и вкус - рендана кора од лимон или портокал
  • по потреба Домашен мармалад од шипки
  • по потреба Шеќер во прав

Подготовка

Брзи, лесни за правење и вкусни за јадење, направени на мој начин. Пробајте ги...

1. Замесуваме мазно, нелепливо тесто од сите наведени состојки. Добиеното тесто го расукуваме помеѓу два листа мрсна хартија со помош на оклагија. Со калапче во форма на срце ги вадиме колачињата. Секое колаче го редиме во плех, врз кој имаме ставено хартија за печење.
2. Им правиме вдлабнатина (видете додатна слика) и на тоа место ставаме по пола лажиче домашен мармалад од шипки (или било каков и да имате) Од останатото тесто ја правиме декорацијата. Печеме во загреана рерна на 180 степени до благо заруменување, околу 15-10 минути. Нека оладат, па ставаме шеќер во прав.

На здравје!