Испечати

Чоколаден колач со путер од кикирики

Чоколаден колач со путер од кикирики

Состојки

  • 200 гр чоколадо со висок процент на какао
  • 75 гр путер
  • 1 чаша кафеав шеќер
  • прстофат сол
  • 3 јајца
  • 3/4 чаша брашно
  • 1/4 чаша какао
  • 1/2 чаша или околу 100 гр путер од кикирики

Подготовка

Колачов им се допадна на сите што го пробаа. Баш се израдував за убавите комплименти што ги доби, па еве ви го предлагам за десерт, особено за љубителите на чоколадо.

Подготовка
1. На многу тивка температура ги топиме заедно чоколадото и путерот.
2. Откако ќе се растопат и соединат го ставаме шеќерот и мешаме додека да се растопи.
3. Потоа ги додаваме јајцата, едно по едно. Едно ставаме, па со рачна маталка соединуваме, па потоа другото и така со сите.
4. На крајот ги додаваме какаото и брашното, со прстофат сол. Соединуваме.
5. Во силиконски калап истураме половина од смесата
6. На одредено растојание со лажичка ставаме путер од кикирики. Потоа ја истураме и втората половина од смесата.
7. Печеме во загреана рерна на 180 степени околу 20 минути.

Забелешка
Малку го препеков колачот, што се гледа и по сечењето, се рони. Ама подеднакво вкусен, па затоа ви го препорачувам.
Можете да го печете и во намрсено и набрашнето тавче за да не ви се залепи.
За вакви колачи мене ми се идеални силиконските калапи на делимано.
Чашата е од 250 мл или 1 cup.