Испечати

Ровка пита со праски

Ровка пита со праски

Состојки

  • За подлога
  • 143гр. брашно (спелтино)
  • 1 лажичка прашок за пециво
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • 1/2 лажичка сол
  • 5 лажици путер
  • 1 јајце
  • 100гр. кафеав шеќер или мед
  • 80мл. оризово млеко
  • 80мл. кисело млеко
  • За ровко тесто
  • 100гр. брашно (спелтино)
  • 2 лажици путер
  • 50гр. кафеав шеќер или мед
  • 1 лажица кисело млеко
  • 1/2 лажичка цимет
  • За полнење
  • 4 средни праски

Подготовка

Прекрасен појадок или десерт во комбинација со омилениот чај.

- Во поголем сад се соединува брашното, содата, пецивото и солта.
- Во друг сад путерот се миксира заедно со шеќерот или медот, се додека путерот не стане пенест. Се додава јајцето и киселото млеко, смесата се миксира до соединување.
- Постојано миксирајќи се додаваат сувите состојки заедно со млекото.
- Смесата се истура во помал плех обложен со хартија.
- Праските се лупат и се сецкаат тенко, се редат врз тестото.
- Состојките за ровкото тесто ги соединуваме во процесор за храна или рачно. Добиените трошки ги распоредуваме рамномерно врз праските.
- Печеме 35 минути на температура од 170 Ц.

Напомена
Питата е посочна доколку праските се зрели.