Испечати

Компот од праски (без дополнување на вода во теглите)

Компот од праски (без дополнување на вода во теглите)

Состојки

  • неопределена количина праски
  • според потребата шеќер

Подготовка

- Праските кои не треба да бидат многу презреани, излупете ги и исечете ги на парчиња или половинки- зависно за што ќе го користите. Наредете во теглите трудејки се што повеќе да собере бидејки со пастеризацијата тие се намалуваат најмалку за 1/3 и ќе бидат одпразни теглите. Тоа ништо не пречи.
- Во секоја тегла ставајте најмногу 4 лажици шеќер (се мисли на тегла од 750 мл.) или оценете вие според тоа колку се благи праските. Можете и да ја намалите количината на шеќерот. Затворете ги добро со капачињата.
- Ставете во сад со вода и откако таа ќе почне да врие дозволете да се варат околу 15 мин.
Оставете ги да се оладат во водата поколопувајки го садот.
Вака приготвениот компот е одличен, природен.
Бидејки нема вода во теглите може да ви се случи да се подигнат теглите, слободно ставете некој потежок предмет кој нема да го дозволи тоа.