Испечати

Гриловани полнети праски

Гриловани полнети праски

Состојки

  • 3 праски
  • 2 белки
  • 100 гр. шеќер
  • според потребата мелен бадем
  • 1-2 лажици или на вкус ликер

Подготовка

- Измијте ги праските, преполовете ги, извадете ги семките и ставете на грил тава да се потпечат.
- Додека се печат праските вие сматете ги белките во густ шам.
- Извадете ги од тавата, свртете и на местото каде што стоела семката ставете по малку ликер кој вие сте го одбрале. Додадете го мелениот бадем.
- Со шприц одозгора ставете од беланецот, со бренер одозгора малку испечете го истиот.
Толку - кратко и слатко...
Напомена
- Можете да ставите и мелени ореви наместо бадеми. Ставив ликер од портокал, а знам некој пат да ставам наместо ликер мед, бадем или орев и потоа беланецот.
- Доколку немате бренер, тогаш ставете ги праските во тавче, вклучете само горните греачи од рерната и внимавајки на нив, кратко потпечете го беланецот.
- Размислувања околу вкусот, дали ликер или мед сме поделени. Јас ги повеќе сакам со мед, а на моите им било повкусно со ликерот и велат дека спојот на праската со портокалот надополнет со беланецот им било врв. Јас пак оти си сакам повеќе да е благичко и совршени ми се со мед и ореви или бадем.