Испечати

Леб од мешани брашна

Леб од мешани брашна

Состојки

  • 4 чаши брашно тип 500
  • 1 чаша интегрално пшенично брашно
  • 1/2 чаша ржано брашно
  • 2 лажици 100% квас од рж
  • 1/2 лажичка екстрат од рж (тој е во прашкаста форма)
  • 1 лажица сол
  • 2 лажички инстант квасец
  • 3 чаши млака вода

Подготовка

- Комбнирајте ги сите состојки и замесето тесто се додека не стане еластично и малку е лепливо. Mесете на рака или со миксер. Ставете во сад кој малку ќе подмачката со масло, покријте и оставете да стаса удвојувајки го обемот.
- Размесете го на побрашнета површина, обликувајте во форма која ја сакате вие, извалкајте во брашното за да се залепи по него, но не многу, преместете на чаршавче и оставете повторно да стасува. Времето на стасување зависи од самата собна температура, треба да го удвои повторно обемот.
- Загрејте ја рерната на 220 степени заедно со садот во кој ке печете (пожелно да е со капак).
Потоа лебот откако е стасан пеместете го во садот, покријте со капакот и вратете назад во рерната да се пече 10 мин, потоа намалете на 200 степени и пак нека продолжи да се пече околу 10-15 мин, за да на крај ја намалите температурата на 180 степени и допечете го лебот.
Последните 5-6 минути тргнете го капакот за да површината на лебот добие убава боја. Печен извадете го, нека малку олади во садот, а потоа извадете и ставете на решетка, покријте се до негово потполно оладување.
Напомена
- Кога и да печам ставам сад со вода заради пареата кој сад го вадам при првото намалување на температура.
- Лебот е со таа боја бидејки намалив 1 чаша од брашното тип 500 за чија сметка ставив од моето Ноќно брашно или Брашното на пекарите. Ако не ми притекнеше да направам замена ќе имате леб со многу убава боја.
- Екстратот од `рж кој е во прашкаста форма по мое разбирање (бидејки многу ретко се сретнувам со него и немам многу познавање) е некој вид на адитив кој спречува да падне лебот и ја одржува неговата стасана состојба, го одржува мек повеќе време. Јас го имам од пријатели пекари, а знам дека го има и во специјализираните продавници за брашна.
- Водата која ќе ја користите не ја истурајте одеднаш, зависно од самото брашно. Рецептот кај мене стои со 2 чаши вода, но се испостави дека треба да ставам 3 чаши, па вие оценете сами. Тестото значи треба да е еластично и лепливо на допир. Го месам на рака.