Испечати

Чоко колач

Чоко колач

Состојки

  • Кора
  • 10 белки
  • 150 гр. шеќер
  • 5 лажици брашно
  • 1 пециво
  • 6 лажици грубо мелени ореви
  • 6 лажици од оладениот фил
  • Фил
  • 10 жолчки
  • 200 мл. вода
  • 200 гр. шеќер
  • 200 гр. чоколада за готвење
  • 100 гр. какао
  • 250 гр. маргарин

Подготовка

Фил
- Во сад се ставаат жолчките, водата, чоколадата, какаото и шеќерот. Се одделува од маргаринот 50 гр, се премешува добро и сето тоа се става на тивок оган да вари постојано мешајки го. Се трга настрана да олади.
Кора
- Со миксер се уработуваат белките со шеќерот, се додава брашното во кое веќе се измешани пецивото, брашното и мелените ореви и 6 лажици од веќе оладениот фил. Се премешува убаво и се истура во плех 40х40 постелен со хартија за печење, се пече во претходно загреана рерна на 180 или 200 степени - зависно од рерната.
Доработка на филот
- Останатите 200 гр од маргаринот се уработуваа убаво и се спојува во веќе оладениот фил. Вака доработен се дели на три еднакви дела
Испечената кора се вади, да олади и се сече на три ленти, по што се филува секоја кора.
Декорирајте по ваш избор, да посипете со мешавина од мелени ореви и рендано чоколадо, глазура и т.н.