Испечати

Паста со сос од црвена леќа (посно)

Паста со сос од црвена леќа (посно)

Состојки

  • 250гр. паста
  • Сос
  • 6 полни лажици црвена леќа
  • 1 морков
  • 1 главица кромид
  • 1 рака листови свеж магдонос
  • 1 поголемо чешне лук
  • 1/2 лажиче куркума
  • по потреба сол, црн бибер, маслиново масло

Подготовка

Црвената леќа еднаш неделно е присутна на нашето мени.
Овојпат за да не биде чорба си го осмислив овој сос кој е многу вкусен, посен и здрав.

1. Леќата ставете ја најмалку 4 часа да отстои во вода.
Потоа убаво исплакнете ја и ставете да се вари 20 минути на среден оган. Исцедете ја, но оставете малку од водата на страна.

2. Во тава на оган ставете малку маслиново масло да се загрее. Додајте го сецканиот кромид и ренданиот морков. Кратко пропржете ги .

3. Во повисок тесен сад ставете ја сварената леќа, пропржените кромид и морков, лукот, магдоносот, сол, куркума, црн бибер и уште малку маслиново масло. Додајте и од водата во која се варела леќата. Со рачен блендер изблендирајте ги состојките.

Вака спреманиот сос сервирајте го врз претходно сварената паста измешана со малку маслиново масло.