Испечати

Крем колач со овошје

Крем колач со овошје

Состојки

  • 200гр какао бисквити
  • 1 пакетче ванила пудинг
  • 500мл млеко
  • 2 полни лажици шеќер
  • 60гр малини
  • 60гр боровинки
  • 15 пишкоти (или по потреба)
  • 1 кесичка шлаг пена
  • околу 150мл млеко за потопување на бисквитите и пишкотите

Подготовка

Обложете еден долгнавест калап со стреч фолија, дел од фолијата да виси од страните на калапот. По страните и на дното на калапот ставете од какао бисквитите кои претходно ќе ги натопите сосема кратко во млеко.
Овошјете измијте го и исцедете го.
Пудингот сварете го со млекото и шеќерот. Додека е врел, ставете еден слој врз бисквитите на дното на калапот. Врз нив наредете уште еден ред со какао бисквити. Наредете го овошјето, па повторно ставете слој од пудинг. Врз нив следува ред пишкоти исто натопени во млеко, повторно пудинг и завршувате со ред пишкоти.
Затворете со стреч фолија која ќе ви остане на страните од калапот и ставете во фрижидер да се олади.
Шлагот изматете го според упатсвото за употреба.
Превртете го колачот на соодветен тањир и украсете со шлаг пена.