Испечати

Посни ванила штангли

Посни ванила штангли

Состојки

  • За кора
  • 200 гр. мелени бисквити
  • 200 гр. мелени ореви
  • 200 гр. шеќер
  • 3 гр. сода бикарбона
  • 1/2 пециво
  • 1 ванила
  • 300 мл. ладна вода
  • За фил
  • 1 л. ладна вода
  • 100 гр. посно млеко во прав
  • 15 лажици шеќер
  • 4 пудинзи од ванила
  • 2 ванили
  • 125 гр. посен маргарин
  • 100 гр. кокос
  • 100 гр. посен шлаг
  • 200 мл. ладна минерална вода

Подготовка

Најпрво на сите би сакала да Ви ја честитам Новата година и сите престојни празници, да Ви посакам пред се добро здравје и се друго со ред :)
Превкусни посни штангли, топло Ви ги препорачувам, во уста се топат.

1. Сите состојки за кората се мешаат со лажица и се излеваат на хартија за печење(не мора колку што е тавата, туку само тенок слој, околу пола сантим. Тавата за печење ми беше 30 на 37см, а може и во помала. Се пече во загреана рерна на 200, 13-15 мин, а вие према вашата рерна.
Краевите се отсекуваат.

2. За филот:
Најпрво млекото во прав се раствора во 1л. вода и се меша со миксер, за да нема грутчиња. Дел се остава за да се растворат пудинзите, а остатокот се зоврива со шеќерот и ванилата, па се додаваат растворените пудинзи. Се вари пудингот до потребната густина. Се трга настрана и се додава маргаринот, па се миксира. Потоа се додава кокосот.

3. Во сосема ладниот пудинг се додава шлагот изматен со киселата вода.
Се филова кората, се украсува по желба.
Се остава преку ноќ, другиот ден се сече.

Уживајте!