Испечати

Лудлаб торта

Лудлаб торта

Состојки

  • тесто,- состојки за 1 кора, потребни се 2 кори
  • 2 белки
  • 2 лажици шеќер
  • 40 мл масло
  • 40 мл врела вода
  • 20 гр какао
  • 100 гр брашно
  • 1 лажиче рамно пециво
  • Прелив- 5 до 6 лажици сируп за растворање од вишна
  • крем
  • 4 жолчки
  • 4 до 6 лажици шеќер
  • 500 мл млеко
  • 2 пудинзи од чоколадо
  • 200 гр квалитетно чоколадо
  • 80 гр путер
  • 200 мл слатка павлака
  • За декорација
  • 130-150 гр црно чоколадо
  • 130-150 мл слатка.павлака
  • 1 чинија полна кандирани вишни

Подготовка

Среќна Нова година и Среќни Божиќни празници на сите вас

Потребни се 2 теста, или може да се подготви едно тесто, а потоа да се пресечи на половина. Прекрасен спој на вишна и чоколадо има оваа торта. Тестото е многу кревко, а кремот е богат и вкусен...
Пробајте ја.

1, Во сад ги ставаме 2 белки, матиме , па постепено додаваме шеќер. Го исклучуваме миксерот од кога ќе добиеме цврст шам, па додаваме вода и масло.

2. Во еден сад ги соединуваме сите суви состојки и со лесни движења на шпатула ги додаваме кај претходните состојки.

3. Смесата јас ја излеав во калап бр 20, но сметам дека може да се пече и во калап бр 22. Печеме на 180 с околу 15 минути. Ја оставаме првата испечена кора да се излади, па на ист начин ја подготвуваме и втората кора. И таа ја оставаме да се лади.

4. Сега го подготвуваме кремот. Во тенџере ставаме млеко, шеќер, прашок за пудинг и жолчки. Со жица ги соединуваме сите состојки. Вариме на мнооогу тивок оган до згуснување. Во жешкиот крем ги ставаме путерот и чоколадото. Мешаме со лажица додека убаво не се врзат состојките.

5. Сега во сад ја матиме слатката павлака, но многу кратко. Не смее да биде цврсто изматена. Во неа лажица по лажица додаваме од изладениот чоколаден крем и постојано мешаме.

6. Првата кора ја ставаме во калап со обрачот и ја попрскуваме со сок од вишни. Во оргиналниот рецепт стои чоколадно млеко, но јас користев сок. Врз неа ставаме половина количина на подготвен крем.
Богато редиме од кандираните вишни. Ставаме само 1,2 лажици крем врз вишните, израмнуваме, па го ставаме второто тесто. Врз него пак попрскуваме сок од вишни. Го нанесуваме остатаокот на чоколаден крем. Израмнуваме и ја оставаме тортата во фрижидер 1 час.

7. Сега на тивок оган ја загреваме слатката павлака. Тргаме од оган и го додаваме кршеното чоколадо. Промешуваме за да се изедначи смесата. Оставаме да се излади. Матиме кратко со миксер, внимаваме ганашот да не го претвориме во путер. Мојот ганаш имаше толку многу воздух, хахах што може да се примети од декорацијата на самата торта. Тортата ја вадиме од калапот. Ги покриваме страниците на тортата и израмнуваме. Остатаокот на ганаш го ставаме во готварски шприц и богато ја декорираме тортата. Додаваме и некоја кандирана вишна. Сечеме на парчиња и послужуваме.

Забелешка
Второто тесто, малку ми се крена во средината, па со нож го израмнив, направив трошки и ги ставив врз филот