Испечати

Печено маринирано телешко

Печено маринирано телешко

Состојки

  • 500 гр телешка кртина
  • 4 чешниња лук
  • 2 моркови
  • 4 кисели краставички
  • 1 лажица сенф
  • 2 гранчиња рузмарин
  • 1 лажица балсамико
  • 100 мл масло
  • 200 мл бело вино
  • сол,мелен црн,зелен,црвен и бел бибер

Подготовка

Прекрасно сочно телешко...деликатес.
Во телешкото месо со тенок нож правиме џепчиња и го полнеме со лукот,морковот и краставичките(шпикуваме само за подобар вкус).Парчето месо го полеваме со масло,од сите страни го мачкаме со сенф,полеваме со балсамико и го додаваме рузмаринот.Вака подготвеното месо со маринадата го оставаме на ладно барем 12 часа.
После поминатото време на тава ставаме коцка путер и малку масло и го зачинуваме месото со сол и мешавината од мелен бибер прво од страната која ќе ја пржиме.Пржиме по две до три минути од секоја страна и пред пржење зачинуваме.
Во истата тава додаваме вино покриваме со алуминиумска фолија и го печеме месото во загреана рерна на 200 степени околу час и половина.Потоа ја вадиме фолијата го полеваме месото со лажица со сосот од печењето и оставаме да се пече уште половина час.
Печеното месо оставаме барем половина час да се подолади па го сечеме на парчиња(јас не оставив хаха)
Послужете со салата или прилог од компир.
На здравје!