Испечати

Фокача со моцарела и спанаќ (без месење, со миксер)

Фокача со моцарела и спанаќ (без месење, со миксер)

Состојки

  • Состојки за тесто
  • 750 гр брашно
  • 500 мл топла вода
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • 2 лажички сув квасец
  • 6 лажици маслинов зејтин
  • Состојки за фил со спанаќ
  • 300 гр исчистен спанаќ
  • 2 лажици кисела павлака
  • 2 чешниња лук
  • Потребно е уште
  • 100 гр моцарела
  • 1 лажичка буковец
  • 1 лажичка италијански зачин
  • 3 лажици маслинов зејтин

Подготовка

Ова ни стана чест појадок на нашето мени бидејќи брзо се подготвува,а за вкусот не коментирам.Го препорачувам и на младите домакинки бидејки тестото се изработува со миксер и не бара многу умешност со тесто,а резултатот е одличен.
Во еден сад го ставаме брашното,квасецот,солта и шеќерот.Мешаме со дрвена лажица и ја додаваме водата и маслиновиот зејтин.Со миксер(со перки за тесто) го матиме тестото додека сите состојки убаво да се соединат.Покриваме со стреч фолија и оставаме да стаса.Јас го стасував 35 минути.
Кога е стасано го мешаме со дрвена лажица и со масни раце го префрламе во плех(јас употребив плех со димензии 35 на 40 см),обложен со хартија.Убаво го расплескуваме тестото насекаде по плехот,го премачкуваме со 3 лажици маслинов зејтин и со помош на дршката од дрвената лажица правиме дупки по фокачата.Оставаме да одстои околу 20 минути.
За тоа време исчистениот спанаќ ситно го сецкаме и го запржуваме со 2 чешниња лук.Кога малку ќе олади се додаваат 2 лажици кисела павлака.Моцарелата ја сечеме на мали коцки ,онолку парчиња колку што имаме и дупчиња.
Откако поминале 20 минути во секоја дупка од фокачата ставаме од филот со спанаќ и парче моцарела.Ја поросуваме со буковец и мешавина на италијански зачини(на зачинот пишуваше дека има босилок,оригано,лук,кромид,рузмарин).Фокачата се пече 35 минути на 180 до 200 степени.Јас првите 15 минути ја печев на 200 степени,потоа намалив на 180.
Оставме малку да олади и сервираме.На здравје.