Испечати

Леб од овес, лешници и семиња

Леб од овес, лешници и семиња

Состојки

  • 2 лажици мелено ленено семе
  • 6 лажици вода
  • 200 гр овесни снегулки
  • 30 гр лешници
  • 4 лажици семки од тиква
  • 4 лажици сусам
  • 4 лажици сончоглед
  • 4 лажици ленено семе
  • 3 лажици чиа семе
  • 300 мл топла вода
  • 50 мл масло
  • 1 лажиче сол
  • 1/2 пециво

Подготовка

1. Во мал длабок сад ги ставаме меленото ленено семе и 6те лажици вода, промешуваме и оставаме да стојат додека да ги подготвиме другите состојки.
2. Овесните снегулки ги ставаме во блендер да се иситнат како брашно. Ги ставаме во длабок сад.
3. Во блендер ги ставаме лешниците, сончогледот, сусамот, семките од тиква и лененото семе, ги ситниме.
4. Во садот со овесот ги ставаме и иситнетите лешници и семиња, чиа семето, солта и пецивото. Промешуваме. Ги додаваме меленото ленено семе кое ни беше помешано со вода, маслото и водата, мешаме со лажица смесата да се соедини. Смесата ја оставаме да стои 30 минути.
5. Смесата ја ставаме во правоаголен долг калап за леб обложен со хартија за печење. Печиме во загреана рерна на 180 степени 1 час.