Испечати

Крцкава, свежа салата со чичока

Крцкава, свежа салата со чичока

Состојки

  • 1 грст свежа чичока
  • 1 свежа краставвичка
  • 1-2 млади кромидчиња
  • 10 суви, црни маслинки
  • зрна од калинка
  • дресинг
  • 2лажици маслиново масло
  • 1лажица сок од лимон
  • сол, бибер, малку мед и малку сенф

Подготовка

Мојата комшика Сузана ми даде штотуку набрана чичока, или познато коренесто растение под името каракушки, јалдази...секој во својот крај различно ги нарекува.

Чичока (Helianthus tuberous) позната како , Див компир или Сладок компир е повеќегодишно растение кое се одгледувало како лек во Северна Америка кадешто Индијанците ја користеле за повеќе болести.
Во Англија е позната како Еврејска артичока и расте многу брзо со височина до 2-3 метри.
Главно се користи за луѓе заболени од шеќерна болест.
Чичоката има ниска калорична вредност и многу нитриенти. Содржи натриум, калиум, фосфор, калциум, железо и магнезиум, а витамини А, Б, Ц и Д, како и есенцијални аминокиселини. Сепак, најважната состојка е инулин, полисахаридот кој всушност е пробиотик и го стимулира развојот на добрите бактерии во цревата.

Прво со чисто кујнско сунѓерче, со рапавата, зелената страна се чистат каракушките од земјата.
Потоа под млаз вода убаво си мијаат.
Може нежно одозгора и да се излупат.
Во еден сад ги соединуваме сецканата чичока, сецканата краставица, сецканиот млад кромид, маслинките, зрната калинка.
Промешуваме.
Во мала сад ги соединуваме сите состојки за дресинг.
Прелеваме врз салаатат и послужувам еведнаш.