Испечати

Чоколадни крем палачинки

Чоколадни крем палачинки

Состојки

  • За палачинките
  • 3 јајца
  • 2 лажици шеќер
  • 1 лажичка ванила екстракт
  • прстофат сол
  • 180 мл млеко
  • 180 гр брашно
  • 2 лажици какао
  • 100 гр чоколаден крем
  • путер по потреба
  • За премачкување и декорација
  • 100 гр чоколаден крем
  • чоколаден прелив
  • зрна од калинка

Подготовка

Од сите палачинки што ги подготвив за натпреваров овие мислам дека се најчоколадните...Чокољупци повелете!!!

Подготовка
1. Ги двоиме жолчките од белките. Белките со прстофат сол ги матиме да се згуснат и зацврстат.
2. Жолчките ги матиме со шеќерот и ванила екстрактот да се растопи шеќерот.
3. Во жолчките ги додаваме млекото, какаото и брашното, матиме до соединување.
4. Белките постепено ги додаваме кон смесата со жолчки и соединуваме со шпатула.
5. На тава загреваме парче путер и ставаме од смесата, па ставаме една лажица чоколаден крем, па одозгора покриваме со една лажица од смесата за да го покриеме кремот. Вака додека да ја потрошиме целата смеса.
6. Редиме палачинка, ја мачкаме целата со крем, пак палачинка, крем и така ја создаваме чоколаднава палачинка торта.
7. На врвот ја мачкаме со крем, ја декорираме со зрна од калинка и чоколаден прелив.

Забелешка
Одокативно го пишав количеството на крем што го потрошив за палачинкиве, горе-доле толку ставив.