Испечати

Пингвин бар

Пингвин бар

Состојки

  • 250 гр маргарин
  • 100 гр чоколадо за готвење
  • 6 лажици полни мед
  • 100 гр сусам
  • 450-500 гр чоколадни тркалезни криспи житарки
  • 200 гр бело чоколадо + 6 лажици масло

Подготовка

Во суво тенџере најпрво потпечете го сусамот. Додадете го маргаринот исечкан на коцки и чоколадото, па медот. Мешајте на умерена температура додека се растопат па потоа додадете ги во житарките. Убаво измешајте се да се спои и смеасата излијте ја во тава и убаво натапкајте ја.
Белото чоколадо со маслото стопете го на пареа и прелијте го врз житарките и оставете да се здрви. Потоа сечете на штангли или коцки.
Исто така, наместо во тава, измешаните житарки можи да ги ставате во купче со помош на лажица во хартиени корпиња.