Испечати

Московска салата

Московска салата

Состојки

  • 500 гр кокошка
  • 5 моркови
  • 6 компири
  • 1 тегло кисели краставици
  • 8 варени јајца
  • по потреба мајонез
  • по вкус сол

Подготовка

Оваа салата има и друго име *Столичный салат*, многу популарна после руската салата * Оливје*, и има мала разлика од неа. Во Оливје се става шунка, а во Московската салата се става задолжително месо од кокошка. Едноставна во приготвување, вкусна и доколку Ви останаа варени јајца од Велигден - за во оваа салата тие ќе се најдат :)

1. Кокошката, компирите и морковите се варат, потоа изладени ситно се сецкаат.
2. Јајцата и краставиците се сецкаат и се додаваат кон месото и зеленчукот.
3. Сите состојки за салата се промешуваат.

Важно сите состојки за салата да бидат иста собна температура.