Испечати

Дипломат торта (без печење)

Дипломат торта (без печење)

Состојки

  • 500 гр бисквити
  • 1 литар млеко
  • 5 жолчки
  • 200 гр шеќер
  • 5 лажици нишесте
  • 1 ванила
  • 5 банани

Подготовка

Се матат жолчките со шеќерот и се додава нишестето. Сето ова се вари во зовриеното млеко исто како пудинг.
На страна се кршат бисквитите и се истура врз нив жешкиот фил. Додека е топол се става половина од смесата во округол плех, па врз нив се става сечкани банани, а потоа врз нив другата смеса.
Се остава да олади. Одозгора потоа ставив шлаг и готови бомбици по ваша желба.