Испечати

Празнични солени кошнички

Празнични солени кошнички

Состојки

  • тесто
  • 250гр брашно
  • 120гр путер
  • 1/2лажиче сол
  • 5-7лажици ладна вода(или ладно млеко)
  • 1/4 лажиче пециво
  • 1 полнење
  • 100гр крем сир
  • 1/2лажиче триена сол
  • 1/4лажиче мелен црн бибер
  • 2 полнење
  • 100гр крем сир
  • 1лажица кисела павлака
  • 1лажица лут ајвар
  • за декорација
  • по малку ротквица, свежа краставица, зелени маслинки, магдонос, кашкавал, стапчиња орев.........

Подготовка

Многу декоративни солени кошнички погодни за празнична трпеза, родендени, имендени, матурски.....празнувања

Прво во еден сад го ставаме сецканиот путер, солта, пецивото, брашното.
Со рацете правиме трошки а потоа додаваме вода за да го замесиме.
Количината е од 5-7 лажици, во зависност од брашното.
Месиме нелепливо тесто.
Го покриваме со фолија и го оставаме во фрижидер 15 минути.
Потоа сучиме танка кора и со модла, цветче вадиме форми.
Секое цветче го ставаме во модла за најмали мафини, без претходно да ги намастуваме.Во средината малку ги притискаме.
Ги печиме кратко од 10-13 минути.
Многу лесно се вадат од калапот( 24 ми излегоа парчиња).
Ги оставаме да се изладат.
Јас ги полнев со 2 вида на солени филови.
Во еден сад го ставив крем сирот, триената сол, бибер.
Промешав, ставив во шприц и ги полнев кошничките( тоа се оние во средината)
За другиот крем соединив крем сир, павлака, ајвар, ставив во шприц и ги полнев кошничките.
Основата може да биде крем сир павлака, мелен орев.... и понатаму препуштете се на вашата машта, или на она што ви го нуди фрижидерот.
Како и да ги наполните нема да згрешите.
Вкусни, декоративни....