Испечати

Најмеките Палачинки (со кисело млеко и сода)

Најмеките Палачинки (со кисело млеко и сода)

Состојки

  • 200гр Кисело млеко
  • пола м.л. Сода бикарбона
  • 2 Јајца
  • пола м.л. Сол
  • пола м.л. Шеќер
  • 2 г.л. Зејтин
  • 500мл Вода
  • 400гр Брашно
  • За премачкување (еурокрем)

Подготовка

Најмеките палачинки досега, можете да ги јадете во солена или блага варијанта, идеални за виткање со било какво полнење и нивно поховање...едноставно превкусни се, пробајте ги и верувам дека пријатно ќе се изненадите.

Подготовката е на следниот начин
1. Во сад за матење ги ставаме сите состојки (миксираме кратко) освен брашното кое го додаваме на крај и постепено до добивање на смеса со слична конзистенција како бозата.
2. Ги печеме во загреана тава за палачинки со малку масло.
3. Ги мачкаме со еурокрем и декорираме по желба.

Забелешка
Смесата за палачинки е неутрална, слободно можете да ги употребите за солена или блага варијанта...по желба.
За разлика од класичните палачинки (со млеко) овие палачинки се толку меки што немате потреба да ги завиткате за да омекнат...дури и ако ви остане некоја, и следниот ден се исто толку вкусни.
На здравје!!!