Испечати

Солени палачинки со спанаќ

Солени палачинки со спанаќ

Состојки

  • 1 јајце
  • 1лажиче сол
  • 1/4лажиче свежо мелен бибер
  • 200мл млеко
  • 130мл кисела вода
  • 3лажици сварено просо
  • 1 грст, голем спанаќ
  • 4-5лажици полни брашно
  • 2лажици масло
  • 1 кисела павлака за премачкување
  • 1лажица семки од сончоглед
  • 1лажиче сусам

Подготовка

Прекрасни, случајно настанати палачинки во мојата кујна, од состојки кои требаше да ги истрошам.
Пробајте ги.

Во вангличка ги ставаме јајцето, солтта, биберот, просото, маслото.
Промешуваме.
Во чашата на нутрибулет ги ставаме млекото и измиениот, исчистен, исцеден свеж спанаќ.
Убаво соединуваме.
Оваа смеса ја додаваме кај претходните состојки.
Додаваме и кисела вода и брашно.
Со миксер, со најмала брзина ги соединуваме состојките убаво.
Додаваме сусам и сончоглед.
Тава ја загреваме на умерен оган.
Ставаме 2 капки масло.
Ставаме од смесата и пржиме палачинки на стандарден начин.
Ги оставаме да се изладат.
Потоа секоја ја премачкуваме со кисела павлака, по желба ставаме нешто сувомеснато...и завиткуваме како сарма.
Сервираме и дегустираме со најмилите.