Испечати

Зебра куглоф

Зебра куглоф

Состојки

  • 4 јајца
  • 150 гр путер
  • 200 гр шеќер
  • 1 прстофат сол
  • 200 гр кисела павлака
  • 2 лажици рум
  • 290 гр брашно
  • 12гр прашок за печиво
  • 2 лажици какао

Подготовка

Зебра торта во куглоф,убава вкусна и лесна.
Путерот и шеќерот ги матиме со миксер додека станат кремасти.Потоа додаваме прстофат сол и едно по едно јајцата и матиме со миксер.Го додаваме румот и повторно матиме.
Брашното и печивото ги додаваме заедно постепено со постојано мешање.
На крај ја додаваме павлаката и повторно соединуваме со миксер.Ја делиме смесата на два дела и во едниот го додаваме какаото и убаво мешаме до соединување.
Калапот за куглоф го мачкаме прво со путер, а потоа со брашно го наросуваме.
На три различни места со лажица ставаме наизменично од двете смеси се додека не се потрошат(бела па кафеава смеса).
Печеме во загреана рерна на 170 степени околу 40 минути.
Испечениот куглоф го оставаме да се олади,го превртуваме и наросуваме со шеќер во прав.
На здравје!