Испечати

Палачинки од тиква со полнење од јаболко и дуња

Палачинки од тиква со полнење од јаболко и дуња

Состојки

  • 1 големо јајце или 2 помали
  • 200мл млеко
  • 200мл кисела вода
  • 1лажица масло
  • 150гр варена и доообро оцедена тиква
  • 5-6лажици полни брашно
  • некое зрно сол
  • полнење
  • 1 голема дуња
  • 1 големо јаболко
  • 50мл вода
  • 1лажиче цимет, малку морско оревче
  • 20гр путер
  • 1лажица мед
  • 1лажица мармалад од шипки, домашен
  • растопено чоколадо за декорација

Подготовка

Вистинско уживање се палачинкиве, во ладно есенско попладне.
Ќе ве опијааат со својот прекрасен вкус, прекрасен мирис, со својата есенска убавина...
Пробајте ги

Прво јаболкото и дуњата ги чистиме од лушпите, семките, па ги сецкаме на мали коцки.
Ги ставаме во тава каде додаваме вода, цимет, мед, мармалад и може да се стави парченце путер, 20 гр.
Оставаме на тивко да се готват околу 15 минути, да испари течноста, но не смее да бидат преварени, да се добие пире.
Оставаме на страна да се лади полнењето.
Во сад ги соединуваме јацето, млекото, киселата вода, маслото, некое зрно сол.
Промешуваме убаво, па додаваме тиква и брашно.
Смесата убаво ја изедначуваме.
Можеби ќе ви треба плус, минус течност или брашно, минимално, се во зависност од водливоста на тиквата.
Тава загреваме на умерен оган.
Ставаме 1-2 капки масло и ги пржиме на стандарден начин.
Земаме една палачинка, двата краја ги внесуваме навнатре, ставаме 2 полни лажици есенски фил и заролуваме.
Ги редиме на тајнир, декорираме со растопено чоколадо.....ииииии веднаш консумираме