Испечати

Пита со јаболка и пудинг

Пита со јаболка и пудинг

Состојки

  • 4 кори за пита
  • 40гр путер
  • За фил
  • 300гр јаболка
  • 3-4 лажици сок од лимон
  • 1/2 лажичка цимет
  • 80гр (6 лажици) шеќер
  • 2 пудинга ванила
  • 600мл млеко
  • 1/2 лажичка рендана кора од лимон
  • 1 ванилин шеќер
  • 60гр пишкоти
  • 50мл млеко
  • 2-3 лажици бел рум

- Во 50-100 мл. млеко, од вкупната количина, растворете го пудингот. Остатокот од млекото заедно со шеќерот ставете да се загрева. Кога ќе проврие тргнете на страна, додадете го растворениот пудинг, промешајте и вратете на огнот да се свари. Сварен тргнете го од огнот, додадете ванилата и ренданата кора од лимонот, промешајте. Тргнете на страна да се лади, постојано промешувајки или покријте со стреч фолија за да не се створи коричка одозгора.
- Јаболката излупете ги, исчистете ги од семките и насечете ги на тенки листови. Покапете врз нив сокот од лимонот, додадете го циметот, измешајте и тргнете на страна.
- Растопете го путерот и секоја кора премачкајте ја со него ставајки ги една над друга.
- На четвртина од корите по должина распоредете го оладениот пудинг, врз неко ставете ги насечените пишкоти, кои предходно кратко ги потопувате во млеко измешано со рум.
Врз нив ставете ги тенките ливчиња од јаболката, префрлете ги корите врз нив и замотајте во ролат. Доколку ви останало слободно премачкајте одозгора со путерот, ако не може и така да го ставите да се пече, но подобро е да се премачка. Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 180 или 200 степени до убаво заруменување.
- Печената пита оставете да олади, потоа премачкајте со стопен мед, посипете со филетирани бадеми, а може и ореви.
Доколку сакате можете да приготвите и сос од јаболка и да послужите заедно со него или засебно.
Одлична пита особено наредниот ден затоа што откако одстои таа добро омекнува, станува многу сочна.