Испечати

Чоколадни мафини со суви смокви

Чоколадни мафини со суви смокви

Состојки

  • Состојки
  • 3 јајца
  • 2 ванилин шеќер
  • 1/2 чаша шеќер
  • 1/3 чаша зејтин
  • 1/2 чаша млеко
  • 1 и 1/2 чаша брашно
  • 4 лажици какао
  • 100 гр млечна чоколада
  • 1 прашок за пециво
  • 15 суви смокви

Подготовка

Верувам дека овој едноставен и вкусен десерт ќе ви се допадне.
Мафините ги правев во здели за мафини и од оваа количина излегоа 10 поголеми мафини.
Се матат јајцата со ванилите и шеќерот додека да се стопи шеќерот. Се додава млекото и зејтинот, а потоа и сувите состојки-брашното, пецивото и какаото. Пак пратко матиме и ги додаваме ситно исечените чоколада и смокви. Мешаме со дрвена лажица и ставаме во калапите,кои претходно се премачкуваат со маргарин.Мафините ги печеме на 180 степени околу 20 минути.Откако ќе се оладат може да се декорираат со чоколаден шлаг крем.
Чашата со која мерев е од 200 милилитри.Калапите за мафини,пред да ги полните,наредете ги на решетката од рерната за полесно да ставите на печење(заедно со решетката).