Испечати

Малина чизкејк со ореви (посно, веган)

Малина чизкејк со ореви (посно, веган)

Состојки

  • Прв дел
  • 100 гр мелени ореви
  • 1 лажица кокосов путер
  • 1 лажичка рогач
  • 2 лажички агаве сируп
  • Втор дел
  • 75 гр индиски ореви
  • 2 лажици кокосов путер
  • 2 лажици путер од кикирики
  • 2 лажици агаве сируп
  • 2 лажици лимонов сок
  • Трет дел
  • 75 гр индиски ореви
  • 3 лажици џем од малини
  • 1 лажица лимонов сок
  • 1 лажица агаве

Подготовка

Ова е торта за една Ана!
Кога ја запознав/соработував прв пат со неа нејзината смиреност ми влеа длабока самодоверба пред предизвикот што ни следуваше.
Таа е посветена, пријателски настроена, но и упорна личност која на свој начин се бори за правда и тоа го прави со стил, ама и со желба да има мир и хармонија. И што е најважно од се, таа е љубител на добра, ама и здрава храна. Затоа тортичкава е подготвена со голема љубов заради посветеноста и љубовта што Ана знае како да ја дарува. Се надевам ќе се пронајде во посветава...

Подготовка
Индиските ореви ги покиснуваме во вода еден ден претходно.
За првиот дел ги соединуваме состојките и смесата ја распоредуваме во мини калап со обрач кој сме го премачкале со кокосов путер.
Врз него го ставаме вториот дел откако сите состојки сме ги соединиле во блендер или Нутрибулет.
И за третиот дел состојките ги соединуваме во блендер и ги распоредуваме врз вториот дел.
Оставаме да се стегне во фрижидер, а може и во замрзнувач.