Испечати

Суфле со печурки

Суфле со печурки

Состојки

  • 300 гр печурки
  • 1 кг компири
  • 100 гр кашкавал
  • 2 главици кромид
  • 0,5 чаша млеко
  • 2 лажици путер
  • 3-4 лажици павлака
  • по вкус сол и црн пипер

Подготовка

Многу нежно и вкусно суфле кое ќе израдува вас и вашите блиски за вечера или појадок.

1. Компирите се варат во посолена вода, потоа се цедат па се додаваат солта, путерот и млекото и се прави пире.
2. Исецканите печурки се пржат заедно со исецканиот кромид, потоа се зачинуваат, се додава павлаката и се пржат уште 5 минути.
3. Во намрсено тавче бр. 24 се става изладеното пире, одозгора се реди филот од печурките, а врз нив се ренда кашкавалот.
4. Суфлето се пече на 180 степени околу 25 минути.