Испечати

Мафини со јаболка и цимет

Мафини со јаболка и цимет

Состојки

  • 150г брашно
  • 90г шеќер
  • 95мл млеко
  • 50г путер
  • 1 јајце
  • 1 јаболко исецкано на коцки
  • 1 лажичка цимет

Подготовка

Изматете ги јајцата со шеќерот, додадете го растопениот путер и млекото.
Додадете го брашното, пецивото, циметот и јаболкото на коцки. Убаво промешајте и наполнете ги калпите за мафини.
Печете 15мин на 180 С.
Изладени посипете ги со шеќер во прав.