Испечати

Посна салата со грав

Посна салата со грав

Состојки

  • 150гр сварен и исцеден грав
  • 4-5 ротквици
  • 3-4 млади кромидчиња
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 лажица лимонов сок
  • сол, малку бибер

Подготовка

Гравот го вариме на вообичаен начин, со зачини кои ние ги сакаме.
Го процедуваме и оставаме да се излади.
Во еден сад ги соединуваме гравот, кругчиња ротквици, сецкан млад кромид, масло, лимонов сок , бибер, сол.
Промешуваме и оставаме да одстои 15 минути во фрижидер, па послужуваме.