Испечати

Млеко и бисквити - кох без брашно

Млеко и бисквити - кох без брашно

Состојки

  • 4 јајца
  • 8 лажици шеќер
  • 20 лажици млеко
  • 5 лажици гриз
  • 300 гр мелени бисквити
  • 1 пак. ванилин шеќер
  • 1 пак. прашок за печење
  • за потурање
  • 1 литар млеко
  • 1 конзерва засладено кондензирано млеко
  • 1 чаша шеќер

Подготовка

Изматете ги јајцата со шеќерот и ванилата во цврст крем, па додадете го млекото и на крај со лажица вмешајте ги мелените бисквити, пецивото и гризот.

Смесата веднаш излијте ја во намастена и набрашнета тава 20х30 и печете ја во загреана рерна на 180 С 20-30на минути.

Во меѓувреме загрејте го млекото со шеќерот до пред вриење и мешајте за шеќерот убаво да се стопи. Додадете го и кондензираното млеко и мешајте додека се соедини.
Потурета го малку подоладениот колач со малку подоладеното млеко, во случајот треба двете да се топли, но не и жешки. Потоа избоцкајте го потурениот колач со вилушка и оставете еден час отприлика да се впие течноста.