Испечати

Зелник пита со путер и фил од праз

Зелник пита со путер и фил од праз

Состојки

  • 1/4 коцка свеж квасец, па може и помалку,
  • 1лажиче сол
  • 1/4лажиче шеќер
  • 1 јајце
  • 180мл млака вода
  • околу 360 гр брашно
  • 100гр путер за премачкување
  • фил
  • 3 страка, многу ситно сецкан праз
  • 2-3лажици масло
  • 1лажиче сол
  • 1/2лажиче свежо мелен бибер
  • 2 јајца
  • 150гр урда,-изварка
  • За попрскување3 лажици масло и 2 лажици путер.

Подготовка

Јас пак со мојот омилен зеленчук, праз...
Денес бев нешто многу емотивна, во ушите ми одзвонуваа зборовите на баба ми, мајка ми...кога не учеа со сестрами да сучиме, да готвиме.......
Баба ми секогаш велеше мајчееее, да се научите да правите” градско “зелниче, многу малку тесто да има , зелник каде ќе се делат корите една од друга, богат фил и мнооогу танка витка.
Вака ги сучеа зелниците баба ми , мајка ми, а сега и ние.
Но ,на времето се користеше маст или маргарин, денес го подготвив со путер и навистина беше ВРВ.

Најпрво на загреано масло го пржиме ситно сецканиот праз, додаваме сол и бибер.
Од кога е изладен додаваме јајца и урда и убаво соединуваме.
Значи филот ни е готов.
Во вангличка ги ставаме млаката вода, сол, шеќер, масло, јајце, квасец
Промешуваме со вилушка и не смее тестото да втасува.
Значи постапката си ја тераме без прекин во работата.
Сега постепено додаваме брашно и замесуваме средно меко тесто.
Добиеното тесто го делиме на 2 топки.
Првата топка ја расукуваме во кора, ја премачкуваме со путер.
Потоа ја сечиме звездасто.
Кон средината ги внесуваме сите парчиња, а при тоа секое преклопено парче го премачкуваме со путерот.
Значи сите корички, односно засеци се собрани во средината
Убаво го формираме и го оставаме ова парче во замрзнувач да одстои 10 минути, додека на ист начин ја подготвуваме втората кора.
Сега тепсија, јас користев за пица бр 30, танко ја премачкуваме со масло.
Ја земаме првата кора од замрзнувач, а втората стои додека не и дојде нејзе редот.
Ја расукуваме во кора,, со тоа што по многу малку ќе и висат кревите од тепсијата.
Сега во мал сад ги соединуваме маслото и путерот.
Малку ја попрскуваме кората со маснотијата и го нанесуваме богатиот фил.
Оставаме на страна.
Сега ја сучиме и втората кора.
Ја нанаесуваме врз филот, малку правиме набори по тестото, бидејќи за време на печењето горната кора се крева, се полни со воздух.
Убаво со прстите правиме танка витка.
Попрскуваме со остатокот на маснотија.
Одма го печиме зелникот во загреана релна на 180-200 с додека не зарумени.
Сервираме со чаша јогурт и уживаме.