Испечати

Friciula - Фричула (италијански тиганици)

Friciula - Фричула (италијански тиганици)

Состојки

  • 500 гр. брашно
  • 270 гр. вода
  • 6 гр. квасец
  • 1 јајце
  • 20 гр. масло или маст
  • 10 гр. сол

Подготовка

Фричула е италијански вид на тиганици поточно од регионот Пиемонд која најчесто се продава по големите панаѓури и луна паркови. Ја има со сите додатоци од шеќер до најразлични глазури, солени со најразличи кашкавали и пршут.
Најпрво во сад за месење додадете ги водата, маслото и квасецот, најизменично додека месете додавајте го брашното, потоа солта и накрај разматеното јајце. Формирајте мазно тесто и оставете го да стасува пола саат, размесете го и оставете го да стасува тестото додека не се дуплира.
На работнатаа маса од тестото расукајте кора во дебелина од 1 см и со помош на чаша или калап извадете форми. Оставете ги формите убаво наросени од сите краеви со пченичо брашно да стасуваат околу еден саат.
Загрејте го маслото за пржење. Со помош на рацете растегнете ги формите и пржете ги неколку минути во загреаното масло. Топли наросете ги со шеќер.