Испечати

Тегнато, со фил од праз, ајвар, сирење

Тегнато, со фил од праз, ајвар, сирење

Состојки

  • 300 гр брашно
  • 150-170 мл вода
  • 2 лажици масло
  • 1/2 лажиче сол
  • За фил
  • 1 страк праз
  • 2-3 лажици лут ајвар
  • 150 гр бело сирење

Подготовка

Малку поинакво полнење на тегнато тесто. Прво го замесуваме тестото и треба да добиеме нелепливо тесто. Во зависност од тоа на каква маса ќе работиме, го делиме на 2, односно 3 дела. Секое топче го расукуваме во мало кориче и го премачкуваме со масло. Оставаме да одмори тестото, а за тоа време го подготвуваме филот. На загреано масло го пржиме сецканиот праз. Зачинуваме со сол и бибер. Тргаме од оган и додаваме ајвар и сецкано сирење. Сега на чаршав ја тегниме првата коричка. Ако имаме задебелени крајчиња ги одстрануваме. Јас скоро и да не попрскав со масло по тегната кора, од причина што има масло во филот. Ставаме половина количина од подготвениот фил и со помош на чаршафот виткаме кора. Може одделно да ги ставиме двете во правоаголна тава, или цела да биде во тава бр 28, Постапката е иста и со другата коричка. Одозгора попрскуваме со малку масло и печиме околу 25 минути во загреана релна.