Испечати

Летна салата со орзо тестенина, варена со куркума и свеж зеленчук

Летна салата со орзо тестенина, варена со куркума и свеж зеленчук

Состојки

  • 1 филџан за кафе, орзо тестенина, вода и сол за варење
  • 1лажиче рамно, куркума
  • 4-5 шери домати
  • 1/2 свежа везена , црвена лута пиперка
  • 6-8 ливчиња свеж босилек
  • 1лажиче песто Џеновезе, ( во составот содржи, италијански босилек, Пекорино, индиски ореви,пињоли и лук),
  • 100гр маринирано сирење со маслиново масло и оригано или сув босилек
  • 1 мала главица црвен кромид,
  • дресинг
  • 1лажиче сок од лимон
  • 1лажица маслиново масло
  • 1/2лажиче сол
  • 1/4лажиче свежо мелен бибер
  • по желба и малку сенф

Подготовка

Многу ги сакам овие брзи оброк –салати, често ги подготвувам за на работа како појадок.
Еве го денешниот предлог
Парчето сирење од вечер го накапувам со маслиново масло и оригано.
Го завиткувам во фолија и оставам така да се маринира.
Може да се користи и фета сирење.
Во касерола налеваме вода, додаваме сол.
Од кога ќе зоврие водта ја додаваме орзо тестенината и куркумата.
Нека вари на тивко, додека тестенината не се свари.
Потоа сварената орзо паста ја процедуваме и ја миеме со ладна вода.
Оставаме дообро да се исцеди во цедалка.
Во сад ги соединуваме орзо тестенината, сецканиот свеж босилек, сецканата црвена , лута пиперка, сецканото сирење, сецкан црвен кромид,чевртинките шери домати.,пестото.
Промешуваме.
Во мал сад соединуваме маслиново масло, сол, бибер, сок од лимон.
Ја прелеваме салатата со подготвениот дресинг.
Сервираме после 30 минути, за да се спојат вкусовите...