Испечати

Слатки палачинки со лешник-нутела крем

Слатки палачинки со лешник-нутела крем

Состојки

  • 10 палачинки
  • 1 пудинг од лешници
  • 300 мл млеко
  • 3 лажички шеќер
  • 2 лажички мелен лешник
  • 2 лажички нутела или линолада
  • 1-2 банани
  • Малку сок од лимун и топено чоколадо

Подготовка

Припрема:
Во еден сад на тивок оган правиме пудинг(млеко, шекер и пудиг).Кога ке биде готов пудингот, го тргаме на страна и веднаш додаваме нутела или линолада и лешници. Мешаме да се соединат состојките. Потоа додаваме банани на кои претходно сме ставиле неколку капки лимунов сок. Мешаме повторно да се соедини филот. На секоја палачинка ставаме по една лажица фил и ја мотаме како сарма. Сервираме со чоколаден прелив и лешници.