Испечати

Фануропита со сок од портокал (Фанурија) Посно

Фануропита со сок од портокал (Фанурија) Посно

Состојки

  • 1 чаша Зејтин
  • 2 чаши Сок од портокал
  • 100гр Суво грозје
  • 1м.л. Сода
  • 1 пакетче Ванила
  • прстофат Сол
  • неполна чаша Шеќер
  • неполна чаша Ораси (сецкани)
  • 4 чаши Брашно

Подготовка

Фануропита е колач кој се приготвува во чест на Свети Фануриј. Овој колач се прави често, но задолжително на 09.09, односно на денот на Свети Фануриј. Пред се, се прави за здравје, радост и убави нешта, но постои народно верување дека додека домаќинката го прави колачот треба да си замисли желба за нејзиното семејство која би сакале да ви се исполни. Најважно е дека се прави од 9 состојки, во посна варијанта.

Подготовката е следна

1. Најпрво го мешам зејтинот со шеќерот.
2. Потоа го додавам сокот од портокал, во кој претходно сме ја раствориле содата.
3. На крај ги додаваме сите останати состојки, од кои брашното на крај (постепено)
4. Смесата ја истураме врз хартија за печење во тавче број 28, печеме на 180 степени-35 минути, па намалуваме на 150 степени и печеме уште околу 20-на минути (проверете со чачкалица)
5. Се остава да се излади колачот, и потоа можете да уживате во ровкоста, мирисот и вкусот на овој колач.