Испечати

Ванилици со слатко и цимет

Ванилици со слатко и цимет

Состојки

  • 2 чаши (180 мл) масло
  • 1 чаша (180 мл) вода
  • 1 кг брашно
  • 1 прашок за пециво
  • 1 ванила
  • За фил
  • по потреба слатко по вкус
  • 100 гр мелен орев
  • по желба цимет
  • За валкање
  • 100 гр шеќер во прав

Подготовка

Еве едни превкусни ванилици кои се ронат во уста за оваа студена зима  со шолја чај или кафе. Брзи за подготовка, а превкусни за јадење.

1. Во тенџере на оган ставте ја водата, маслото и ванилата да почнат да вријат. Откако ќе почнат да вријат додајте го пецивото. На крај додајте го брашното и мешајте постојано додека да добиете средно меко тесто, па тргнете го тенџерето од оган. Оставете го тестото да се олади.

2. Оладеното тесто делете го на 4 дела (по желба но подобро е за работање). По малку умесете ги деловите. Секој еден дел расучете го во кора во дебелина од 3мм и сечете го кружен калап. На средината на секоја пресечена ванилица ставете од слаткото кое претходно сте го промешале со мелените ореви и циметот. Преклопете на половина и со помош на вилушка залепете ги краевите.

3. Во плех кој претходно сте го премачкале со масло ставете ги ванилиците и печете ги на претходно загреана рерна од 250С 10 минути. Не треба да се печат многу само малку да поруменат бидејќи тестото е варено. Откако ќе се испечат оставете ги малку да оладат, па валкајте ги во шеќер во прав. Посужете додека се млаки со шолја чај или кафе. Добар Апетит...

Забелешка
* Брашното во садот кога ќе го додавате додавајте го малку по малку за да не испадне тестото да биде многу тврдо, не ќе можете после да ги обработувате ванилиците.
* Слаткото е по желба како и циметот јас ги правев со домашно слатко од сливи и беа навистина пре превкусни.