Испечати

Бисквит бомбички

Бисквит бомбички

Состојки

  • 500 гр мелени бисквити
  • 250 гр маргарин
  • 4 лажици шеќер во прав
  • 2 лажици какао
  • 150 гр мелени ореви
  • 2 лажици млеко

Подготовка

Во длабок сад ги ставаме бисквитите, какаото, шеќерот во прав и оревите. Мешаме.
2. Во смесата го додаваме млекото.
3. Маргаринот го топиме и додека е млак го додаваме во смесата. Мешаме додека не добиеме хомогена смеса.
4. Од смесата правиме бомбици кои ги валкаме во мелени ореви.