Испечати

Макало со суви пиперки, домата и лук- Посно (Божиќен календар 02)

Макало со суви пиперки, домата и лук- Посно (Божиќен календар 02)

Состојки

  • 10-15 суви пиперки
  • 1 голема тегла домата
  • 4-6 чешниња лук
  • 1/2 мала лажица шеќер
  • 1 мала лажица црвен пипер
  • 4-5 големи лажици маслиново или сончогледово масло
  • По потреба сол

Подготовка

1. Сувите пиперки се сечат на 2 пати и се ставаат во тавичка на оган.
2. Во тавичката се додава доматата и уште 2/3 тегла вода.
3. Се додава и маслото, шеќерот, солта, црвениот пипер и лукот исечкан на парченца.
4. Тавичката се покрива со капак и се остава да се вари.
5. Готово е кога пиперките и лукот се сварени, а сосот од домати е згустен.
- За најлесно да се објасни се става се во еден сад на оган, се додава вода, се покрива со капак и се вари. =)
- Ако има потреба се додава вода.