Испечати

Солен ролат со тесто од ореви

Солен ролат со тесто од ореви

Состојки

  • тесто
  • 4 белки
  • 1/2 лажиче сол
  • 2 лажици брашно
  • 2-3 лажици мелен орев
  • 1 лажица масло
  • 50мл млеко
  • 1/2 лажиче пециво
  • фил
  • 4 варени жолчки
  • 2 кисели краставички
  • 100гр сецкана шунка
  • 150гр сирење или урда
  • 200гр кисела павлака
  • малку сецкан магдонос, сол, бибер

Подготовка

Уште еден убав, сочен, декоративен ролат, погоден за празничната трпеза.
Во вангличка ги ставаме белките и матиме цврст шам.
Ја додаваме солта.
Во еден сад ги соединуваме брашното, оревите, пецивото.
Сега внимателно со лесни движења ги додаваме во белките, па додаваме млеко и масло.
Соединуваме.
Ја истураме смесата во мала ростер тава, во која има хартија за печење и печиме околу 15 минути на 200 с.
Испеченото тесто го оставаме да се излади.
Во еден сад зовриваме вода и ги ставме жолчките да се сварат.
Ги соединуваме урдата, сецканите жолчки, шунката, магдоносот, киселата павлака, краставичките и зачините.
Со овој фил ја филуваме кората и виткаме ролат.
Го оставаме во фрижидер 2 часа, па сечиме парчиња и декорираме по сопствен вкус.