Испечати

Мини овошни тортички

Мини овошни тортички

Состојки

  • За тесто
  • 1 и 3/4 чаши брашно
  • 1/2 лажичка прашок за пециво
  • 1/8 лажичка сода бикарбона
  • 1/4 лажичка сол
  • 50 г путер омекнат на собна температура
  • 60 г свинска маст
  • 3/4 чаша шеќер
  • 2 лажици крем сирење
  • 1 пакетче ванилин шеќер
  • малку рендана кора од лимон
  • 1 поголемо јајце
  • За крем
  • 10 лажици крем сирење
  • 1-2 лажички млеко
  • 1/2 лажичка екстракт од ванила или ванилин шеќер
  • 1 чаша шеќер во прав
  • За одозгора
  • свежо сезонско овошје

Подготовка

Овие колачиња се прекрасни и се топат в уста. Самите бисквити се многу вкусни, а пак во комбинација со кремот и овошјето - совршени.

Подготовка

Прво, изматете го путерот заедно со маста, шеќерот и крем сирењето. Убаво измешајте со миксер додека не добиете светла и мека смеса.
Додадете го јајцето, ванилата и ренданата кора од лимон и продолжете да матите.
Потоа, додадете го брашното со прашокот за пециво, содата и солта и кратко изматете на мала брзина за да се соединат состојките. Ќе добиете густа леплива смеса.
Потоа, со навлажнета лажица или со навлажнета рака, земајте од смесата и оформувајте мали топчиња кои ќе ги редите на тава обложена со хартија за печење. Нежно притиснете ги топчињата за да добиете форма на дискови. Оставете простор помеѓу колачињата бидејќи растат за време на печењето.
Загрејте ја рерната на 180 Ц степени. Ставете ги колачињата да се печат околу 10 минути додека рабовите не станат малку златни.
Подгответе го кремот, изматете го крем сирењето, млекото, ванилата и шеќерот во прав додека не се добие убава кремаста структура.
Кога колачињата ќе се испечат, оставете ги да се изладат 5 минути и потоа внимателно извадете ги.
Нанесете лажица крем и израмнете го.
Одозгора наредете ситно исецкано овошје по желба, јас ставив банана, јагоди и боровинки.
Јадете ги веднаш.