Испечати

Видео рецепт: Пилешко Тика Масала

Видео рецепт: Пилешко Тика Масала

Состојки

  • 2 лажици путер
  • 1 кромид, ситно сечкан
  • 4 чешниња лук, ситно сечкани
  • 1 лажица рендан свеж ѓумбир
  • 1 лажица мелен кумин
  • 1½ лажичка црвен пипер
  • 1½ лажичка мелен кориандер
  • 1 лажичка куркума во прав
  • ¼ лажичка буковец
  • ½ лажичка црн пипер
  • 400 гр. сечкани домати
  • 300 - 350 гр. спанаќ
  • 4 лажици сок од лимон
  • китка свеж кориандер или магдонос, сечкан
  • 1.3 кг. пилешки батаци и карабатаци (по 4 до 6)
  • 125 мл. пилешки бујон (од ½ коцка)
  • 2 x 400 гр. конзерва варен наут, процеден
  • 125 мл. павлака за готвење
  • малку сол

Погледнете го видеото за да дознаете како да подготвите Пилешко Тика Масала.

Подготовка

Чекор 1: Без капак, вклучете STEW FUNCTION и загрејте го путерот додека да престане да пени. Додадете ги кромидот, лукот и ѓумбирот. Потпржете ги со повремено мешање, додека малку заруменат, околу 5 минути.

Чекор 2: Додајте кумин, црвен пипер, кориандер, куркума, буковец и црн пипер. Гответе со постојано мешање, да се испуштат аромите (околу 30 секунди). Додајте ги сечканите домати и спанаќот. Покријте и гответе, со повремено мешање, додека спанаќот да омекне, околу 2 минути.

Чекор 3: Додајте половина од магдоносот (или кориандер), пилешкиот бујон и месото. Измешајте рамномерно. Притиснете CANCEL.

Чекор 4: Затворете го капакот и отворот за ослободување на притисокот. Притиснете MEAT FUNCTION и наместете го тајмерот на 15 минути.

Чекор 5:Тргнете го капакот, додајте ја павлаката за готвење, наутот, половина сок од лимон и крчкајте, со повремено мешање, додека да згусне. Додајте го остатокот од сокот од лимон и посолете по вкус. Послужете веднаш, наросено со остатокот од магдоносот.